Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Поправка на казанче кај WC шоља


Можен дефект кај казанчето во тоалетот е перманентно течење по малку вода во шољата.

Постојат два главни склопа во казанчето. Првиот е вентил за полнење на казанчето со вода, монтиран на левата или десната страна на казанчето. Вториот склоп е направа (вентил) за испирање на шољата.

Најнапред треба да се открие кои од овие два склопа е во дефект.Ова е обично многу лесно. Се одстранува капакот од казанчето и ако водата прелива низ отворите на преливната цевкатоа значи дека грешката е во склопот за полнење. Повлечете ја полугата на пловакот нагоре, па ако водата престане да прелива, потребно е само подесување на нивото на водата, без ништо да се замени. Испуштете ја водата во шољата, потоа со левата рака, блиску до вентилот, подигнете ја полугата од пловакот, со другата рака свиткајте ја полугата малку надолу (кај разни типови ова се постигнува со разни решенија, но сите се едноставни), ослободете ја полугата и почекајте да се наполни казанчето. Ако сте ја свиткале доволно, водата ќе застане пред да го достигне нивото на преливање, во спротивно свиткајте ја уште малку.

Во случај водата да тече и откако ќе се подигне полугата со рака, треба да се поправи или замени самиот вентил. Најнапред треба да се исклучи доводот на вода до казанчето (се затвора вентилчето пред флексибилното црево) и се демонтира вентилскиот склоп во кои припаѓа и пловакот заедно со полугата. Постојат разни типови на вентили за полнење на казанчето со вода и скоро сите работат на ист принцип. Најчест дефект овде е дотраено заптивно прстенче или некој дел е скршено во склопот на клипчето.

Доколку најдете соодветни делови во најблиските продавници за водоводни инсталации едноставно вршите замена. Во спротивно купете цел вентилски склоп кој е релативно евтин.

Следен можен дефект е казанчето да не се полни до горе, водата непрекинато да истекува во шољата, а се случува и казанчето во интервал од неколку минути само да ја испушта водата. Ова значи дека е во дефект вентилот односно направата за испирање на шољата.Поправката најчесто се состои во тоа што треба да се замени дотрајаната гумена заптивка. За да се уверите дали навистина е дотраена, пипнете ја со два прста и ако на прстите останува црнило таа е сигурно дотраена. Друг показател е ако на долната страна се гледа нерамен жлеб во облик на круг кој оневозможува правилно заптивање. За да дојдете до гумата треба да го направите следното. Се одстранува полугата за активирање која најчесто е вовлечена во прорезите на преливната цевка. Се одстранува капакот од садот во кој е сместен клипот-пловак и кој истовремено служи и како водилка на преливната цевка на чиј крај има диск со жлеб на кој се наоѓа заптивната гума. Капакот е прицврстен или со еластични испусти па треба само да се повлече појако, или треба да се заврти малку обратно од насоката на стрелката на часовникот, па да се повлече. Монтажата се одвива по обратниот редослед.

 

.

..претходна     следна..